Вардар против Беласица во последна трка за спас, Шкендија во Тетово се подготвува за шампионско славје

Натпреварот на Вардар против Беласица е можеби последната шанса за „црвено-црните“ за прволигашки спас.

„Вардарци“, без сомнение, силно посакуваат останување во Првата лига иако е јасно дека пред себе имаат повеќе од тешка задача. Но, Беласица, дефинитивно, е момент за три бода кои ќе донесат каква-таква надеж.

Од друга страна, пак, Шкендија денеска во Тетово се подготвува за шампионско славје. Со триумф над Борец, Шкендија официјално ќе осигура нов трофеј.

Најверните навивачи на тетовци, „Балистите“ најавуваат и прослава на шампионската круна веднаш по дуелот со Борец.

ПРВА ЛИГА – 29. КОЛО (денеска, 13 ч.)

Битола: ПЕЛИСТЕР – РЕНОВА

Скопје: ВАРДАР – БЕЛАСИЦА

Тетово: ШКЕНДИЈА – БОРЕЦ

Скопје: ШКУПИ – РАБОТНИЧКИ

Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – СТРУГА ТЛ

ВЧЕРА

Кратово: СИЛЕКС – АК. ПАНДЕВ 3-2

Се вчитува...