Вардар против Висла Плоцк по прва победа во ЛШ

Двократниот европски шампион Вардар вечерав на домашен терен ќе ја пречека Висла Плоцк во натпревар од третото коло од новата сезона во ракометната Лига на шампиоини.

По воведните два тесни порази само победа е во мислите на целиот тим на македонскиот шампион. Тренерот, Иван Чупиќ вели дека знае во каква група се, но дека Вардар е таков тим што секогаш оди на победа.

„Како и секогаш знаеме во каква група сме. Ни доаѓа висла која е во топ 10 тимови во Европа. Екипа која долго време е заедно и која се познава многу добро. Висла полека го презема пиететот најдобар тим во Полска. Ги анализиравме добро и верувам дека со добра енергија и полна сала ќе дојдеме до позитивен резултат и освојување на први бодови сезона. За притисок не можам да зборувам бидејќи знаете дека мој став е дека притисокот е привилегија. Не може без тешко денови и без порази да стигнеш до успех“, изјави Чупиќ.

Слично размислува и капитенот Васил Гогов…

„Не очекува тежок меч против силен противник. Се надевам на добар резултат. Имаме добра атмосфера во екипата и ќе дадеме се од себе пред полна сала да се израдуваме на првите поени во Лигата на шампионите. Се надевам дека ќе може да одиграме квалитетна одбрана како на мечот со Охрид“, изјави Гогов. 

Се вчитува...