Вардар рутински до бодовите во Кавадарци

Ракометарите на Вардар стигнаа до нов триумф во домашната Супер-лига откако вечерва како гости го совладаа Тиквеш во Кавадарци со резултат 27-35. „Црвено-црните“ повторно одиграа онолку колку што им беше неопходно, успеаја да се одлепат и потоа рутински да го контролираат резултатот, но и да сочуваат дел од силите за претстојните европски предизвици.

Тиквеш умешно парираше до 6-6, кога „вардарци“ со серија од 1-4 поведоа со 7-10 со погодокот на искусниот Гоце Георгиевски. Доминацијата се зголеми во напредниот период, Вардар имаше најубедливи 12-18, но Тиквеш постигна два гола во финишот од полувремето и на одмор се замина со 14-18.

Мотивираните кавадаречки фудбалери подобро влегоа во вториот дел, дојдоа до 19-20 и до 20-21, но Вардар повторно се одлепи во клучните моменти, стигна до 21-27 по трите гола во низа на Малус и практично го реши прашањето на победникот, за триумфот изразен со конечните „плус осум“.

Фадуиљ со седум и Љевар со шест гола беа најефикасни кај Вардар, Валах имаше 11 интервенции на голот, додека кај Тиквеш најдобри поединци на овој дуел со шампионот беа Oнчев со шест и Бен Махфуд со пет погодоци.

Се вчитува...