Вардар се „мобилизира“: Се молат „ракометните навивачи“ да им помогнат на овие фудбалските

Посакувајќи последниот натпревар од есенскиот дел против најголемиот ривал за титулата, Шкендија, да го одиграат пред што е можно поголем број навивачи на „Тодор Проески“ во Скопје, од раководството на ФК Вардар се одлучија за неделното дерби да дозволат влез и за сите оние кои поседуваат сезонски ракометни билети за натпреварите на РК Вардар.

„Ги известуваме сите љубители на фудбалот, кои поседуваат влезни сезонски билети за РК Вардар, дека може да присуствуваат на натпреварот без никаков надомест. Билет за мечот чини 100 денари, и ќе се продава на билетарницата на Арената „Тодор Проески“ пред натпреварот. При секое купување на билет, ќе мора да биде покажен документ за лична идентификација (лична карта, пасош). Важи правилото една лична карта – еден билет. Со оглед дека натпреварот е прогласен за меч од висок ризик, нема да биде дозволен влез за гостински симпатизери. Воедно, ФК Вардар апелира на фер и коректно навивање од трибините, без извици на национализам и расизам. Да ја прославиме одличната есен онака како што наликува на најтрофеен клуб во нашата земја. Апелираме и оние кои ќе бидат на стадионот, да не носат тврди предмети, затоа што на влезот ќе им бидат одземени“ – се вели во соопштението од ФК Вардар.

Натпреварот меѓу Вардар и Шкендија се игра во недела (8. декември) со почеток од 13 часот на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Се вчитува...