Вардар се засили со младинскиот репрезентативец Јагуриноски од Металург

Вардар почнува со пополнување на играчките редови за новата сезона ангажирајќи го младинскиот репрезентативец Томи Јагуриноски.

По најавата за заминување на Бразилецот Толедо, десната бековска позиција „црвено-црните“ ќе ја пополнуваат и со досегашниот член на Металург, Јагуриноски.

Јагуриноски и официјално се договорил со Вардар, па се очекува потпишување двегодишен договор со тимот на Стевче Алушовски.

Се вчитува...