Вардар се засилува со Литванецот Артурас Жулпа!

Литванскиот репрезентативец Артурас Жулпа треба да биде засилувањето на Вардар за средниот ред, како замена за репрезентативецот Бобан Николов кој денеска го очекува трансфер во унгарскиот Видеотон.

Според нашите информации, 27-годишниот Жулпа се очекува на тимот на Чедомир Јаневски да му се приклучи за време на подготовките во Анталија каде од денеска се „вардарци“. Игра на позицијата последен играч за врска, но и организатор на играта во средниот ред.

Изминатава сезона Жулпа беше еден од најдобрите фудбалери на казахстанскиот Тобол, а претходно во својата кариера има настапи и за Актобе во Казахстан и литвански Жалгирис.

За репрезентацијата на Литванија , Артурас Жулпа има 23 настапи.

Вардар наредниот период, според најавите, ќе го засилува и офанзивниот ред а се очекува доведување и на дефанзивец по заминувањето на репрезентативецот Висар Муслиу.

Се вчитува...