Вардар славеше над Адмира на првата контрола во Австрија

Екипата на Вардар имаше успешен старт на подготовките во Австрија откако на првиот контролен натпревар славеше на гостински терен против Адмира со 0-2.

Резултатот беше отворен во 42. минута, кога по неколкуте нескористени шанси избраниците на Гоце Седлоски успеаја да го совладаа домашниот голман. Исени беше стрелец, откако новото засилување немаше тешка задача да ја затресе празната мрежа на асистенција на Блажевски.

Шефот на стручниот штаб, Гоце Седлоски направи неколку замени на стартот од вториот дел. Новите имиња кои се најдоа на теренот брзо придонесоа за уште еден гол, и тоа на почетокот од второто полувреме. Се играше 49. минута кога Глишиќ од левата страна му асистираше на Барсегјан на вториот дирек, кој што успеа да погоди во мрежата на противникот.

Се вчитува...