Вардар со четири нови фудбалери за наредната сезона

Вардар продолжи да се засилува во пресрет на новата вторлигашка сезона откако „црвено-црните“ денеска официјализираа четири нови фудбалери кои ќе му бидат на располагање на тренерот Грнчаров.

Од четворицата, најискусен е 25-годишниот голман Боби Целески, кој доаѓа меѓу „вардарци“ од редовите на Скопје. Покрај Целески, на Вардар му се приклучува и 21-годишниот Јорго Папули, дефанзивец од романска Стеауа, потоа 23-годишниот Христијан Вецески од Пелистер, како и 21-годишниот Матеј Николов, лев кој кој доаѓа како слободен играч во Вардар.

Стартот на сезоната во Втората лига беше одложен, а датумот за почеток на натпреварувањето во овој ранг на натпреварување се очекува да биде објавен во следните денови.

Се вчитува...