Вардар со негатива од два гола на полувреме против Висла Плоцк

Двократниот европски шампион Вардар има негатива од 13-15 на полувреме против Висла Плоцк во натпревар од 3. коло од новата сезона во Лигата на шампиони.

Гостите подобро отворија, а Вардарци својот прв гол го постигнаа дури во 5. минута откако Јака Малус стрелаше за 1-3. Продолжија грешките во нападот, а во одбраната избраниците на Иван Чупиќ не успеаја да одбранат ниту еден напад на противникот, па при резултат 2-6 во 8. минута, хрватскиот стратег мораше да го побара својот прв тајм-аут.

Нитту минутата пауза не помогна, бидејќи веќе во следниот напад Висла дојде и до плус пет (2-7). Полјаците го контролираа мечот, а на половина од првиот дел за првпат стигнаа и до шест гола предност (5-11).

Mатео Фадуил беше единствениот расположен во таборот на македонскиот шампион, па на неговтие крила во 22. минута Вардар успеа да ја преполови негативата (10-13). До крајот на првиот дел ја задржаа предноста и на пауза отидоа со два гола предност (13-15).

Фадуил е прво име во таборот на „црвено-црните“ со шест гола, додека кај Висла Бјере и Косоротов имаат по пет гола.

Се вчитува...