Ракометарите на Вардар имаат предност од … на полувреме против Е. Пелистер во натпреварот кој треба да го даде новиот шампион на Македонија.
Како и што доликува за едно дерби за титула, натпреварот почна тврдо и силно во одбраната, па по пет минути игра двата тима постигнаа само по еден погодок (1-1).
Во следниот период се играше гол за гол, ниту еден тим не успеа да направи поголема разлика од еден гол, па по десет минути на семафорот стоеше (5-5).
Први до разлика од два гола стигнаа домаќините со голот на Милан Лазаревски на почетокот на 20. минтуа (12-10). Следуваше нова грешка на битолчани која преку контра ја казни Срдановиќ за 13-10, по кои тренерот на гостите Раул Алонсо мораше да го побара својот прв тајм-аут.
Ниту минутата пауза не им помогна на „зелено-белите“. Следуваа нови пропуштени шанси, а Вардар во 24. минута стигна и до плус пет 15-10. Е. Пелистер заигра подобро во следниот период, па со голот на Кузмановски во 27. минута успеа да се врати на само минус два (15-13). До крајот на првиот дел се играше гол за гол, па на пауза Вардар замина со позитива од 17-15.
Вуко Борозан со пет погодоци е прво име во таборот на домаќинот, додека кај гостите по три погодоци постигнаа Тајник, Борзаш, Кузмановски и Пешевски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА