Вардар тргна за Шведска, Борозан остана дома

Вуко Борозан нема да може да му помогне на тимот на Вардар на утрешното гостување против Кристијанштад, откако повредата на коленото повторно му создава проблеми на „бомбардер“ на „црвено-црните“.

Борозан веќе извесно време тренира со остатокот од тимот, одигра и неколку минути од натпреварот против Веспрем минатиот викенд, но се пожалил на болка во пределот на повреденото колено, по што е донесена одлука да не се ризикува со негов настап против Кристијанштад.

За разлика од Борозан, Бразилецот Мораеш е целосно рехабилитиран по повредата и ќе биде еден од клучните адути на тренерот Парондо на утрешното гостување.

Се вчитува...