Лидерот по есенскиот дел во Првата македонска фудбалска лига, екипата на Вардар со триумф против второлигашот Кадино го заокружи зимскиот подготвителен период пред стартот на пролетниот дел од шампионатот следната недела.
„Вардарци“ дојдоа до триумф од 0-2 на натпреварот кој се одигра во Кадино, со головите на Цветановски во 21. минута и Ибиши во 62. минута.
Во првото пролетно коло на 15. февруари Вардар на домашен терен ја пречекува Македонија ЃП.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА