Вардар во победничка низа, и Шкупи и „лавовите“ го искористија домашниот терен

Вардар продолжува со низата победи во домашниот шампионат, славејќи убедливо со 3-0 против Струга Трим Лум во 5. коло од Првата македонска фудбалска лига.

„Црвено-црните“ до триумфот дојдоа во второто полувреме кога успеаја да го скршат отпорот на стружани. Бразилецот Реис Жуниор погоди во 59. и во 64. минута, а конечните 3-0 заокружени од Филип Најдовски по проигрувањето од Матеј Цветановски во 82. минута.

До триумфот дојдоа и „лавовите“ против Борец со 3-1 со пресврт откако велешани рано поведоа со голот на Прелчец. Но потоа следеа погодоците на Фернандо Карваљо и Дејан Блажевски во второто полувреме за 2-1, а Бенјамин Демир во третата минута од судиското продолжение заокружи на 3-1.

Шкупи дојде до минимална победа од 1-0 против Силекс благодарение на погодокот на Бразилецот Сержо Жуниор во 58. минута.

ПМФЛ – РЕЗУЛТАТИ ВО ЖИВО – 5. КОЛО….

Скопје: ВАРДАР – СТРУГА ТЛ (3-0)

Реис Жуниор 59′, 64′, Најдовски 82′

Тетово: ШКЕНДИЈА – РАБОТНИЧКИ (3-0)

Жуниор 19′, Алими 38′, Тотре 90′

Скопје: ШКУПИ – СИЛЕКС (1-0)

Серџо Жуниор 58′

Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – БОРЕЦ (3-1)

Едуардо Карваљо 39′, Блажевски 72′, Демир 90+3′ – Прелчец 4′

ВЧЕРА

АК. ПАНДЕВ – РЕНОВА 2-0

Се вчитува...