Вардар за продолжување на позитивната низа, Шкупи со нов тренер по триумф над Силекс

Фудбалерите на Вардар посакуваат продолжување на позитивната резултатска низа и против Струга Трим Лум кое е едно од најпријатните изненадувања на почетокот од новата сезона, во денешното 5. коло од Првата македонска фудбалска лига.

По претходната победа над Ренова на гости, сега „вардарци“ веруваат и во нова победа и покрај тоа што сосема е јасно дека ги чекаат незгодните стружани.

Од Струга ТЛ ја оставаат фаворитската улога на Вардар, но тренерот Јетон Беќири е сигурен дека може да парираат на „црвено-црните“ во желбата и да го изненадат фаворитот.

„Вардар игра во одлична форма последните неколку натпревари, по лошиот старт. Но, и покрај тоа што знаеме дека ја носи фаворитската улога во Скопје патуваме желни за максимално надигрување и борба да се дојде до позитивен резултат. Ќе ни недостасуваат и суспендираните Тафа и Касами, но верувам дека секој кој ќе настапи ќе го даде максимумот на терен“ – вели Беќири.

Шкупи, пак, на домашен терен предводен од новиот тренер Булент Акин атакува на трите бода против Силекс. За настап ќе конкурира и Бесар Исени, кој подолг период беше во аут поради повреда, но ќе недостасува поради суспензија Марин Јурина.

„Очекуваме тежок натпревар, Силекс е добар тим, но ние одиме на три бода. Веруваме дека може да донесеме триумф и радост за нашите навивачи“ – вели десниот бек на чаирчани, Филип Стојановски.

ПРВА ЛИГА – 5. КОЛО (денеска, 15:30 ч.)

Скопје: ВАРДАР – СТРУГА ТЛ

Тетово: ШКЕНДИЈА – РАБОТНИЧКИ

Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – БОРЕЦ

Скопје: ШКУПИ – СИЛЕКС

Вчера: АК. ПАНДЕВ – РЕНОВА 2-0

Се вчитува...