Вардар загуби од Марибор

Македонскиот првак Вардар го загуби вториот пријателски натпревар на летните подготовки, откако доживеа пораз од Марибор со 1-0. Стрелец на победничкиот гол за словенечкиот шампион беше Јасмин Мешановиќ во 42.минута од средбата.

Марибор беше подобар ривал на овој меч, а Алекс Пихлер во 58.минута со удар од 25 метри ја погоди гредата од голот на „црвено-црните“. Во завршницата се закани и Тавареш, кој во 79.минута шутираше за малку крај голот. Вардар на овој меч не успеа да создаде стопроцентна шанса пред противничкиот гол, а и на овој меч беше некомплетен, поради отсуството на шестмината младински репрезентативци, кои денеска отпатуваа во подготвителната база во Австрија.

Тренерот Гоце Седлоски, на стартот на мечот го изведе следниот состав: Гачевски, Хамбарџумјан, Грнчаров, Новак, Брдаровски, Глигоров, Фелипе, Спировски, Којашевиќ, Барсегјан, Лима, Блажевски. Во вториот дел играа уште: Пачовски, Глишиќ, Исени, Џигаури, Стојчевски, Колевски, Тодоровски, Стојков, Боарето.

Се вчитува...