Вардар загуби од Олимпија Љубљана на вториот тест во Словенија (ФОТО)

ЕКИПА во Раденци, Словенија
Горан Бошев

Екипата на Вардар загуби од словенечка Олимпија Љубљана со 2-0 на вториот пријателски натпревар за време на подготовките во Словенија.

„Црвено-црните“ беа подобар тим на теренот во првото полувреме, но Босанчиќ не искористи една убава можност во 21. минута, а противничкиот голман го одбрани ударот на Спахиу во 38. минута.

Во второто полувреме фудбалерите на Олимпија ги искористија своите можности и дојдоа до два погодоци во 68. минута преку Пинто, и во 75. минута од средбата преку Естонецот Алекс Там.

Вардар на дуелот настапи во следниот состав: Талевски, Јанкулов, Матиќ, Најдовски, Маневски, Босанчиќ, Тодоровски, Спахиу, Омерагиќ, Дурански, Закариќ, а уште играа и Мишковски, Талевски, Цикарски, Николовски, Марковски.

 

 

„Вардарци“ на првиот тест во Словенија претходно славеа со 3-0 против црногорскиот шампион Будуќност.

Се вчитува...