„Вардарецот“ Асани главен „шверцер“…, дрон си лета… за Вардар нова титула цвета! (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Дерби пресметката меѓу Шкупи и Вардар во 28. коло од Првата македонска фудбалска лига на Чаир мина во крајно коректна атмосфера и на трибините и на теренот, со доминација и заслужена победа на „црвено-црните“ кои сега се веќе сериозно блиску до новата шампионска титула.

Но, рутината на терен воопшто не значеше дека беше и здодевно попладнево на Чаир… Напротив, имаше интересни моменти и за фоторепортерите… Интересно е да се види „вардарецот“ Јасир Асани, кој како позајмен пролетва игра за Шкупи иако се уште е фудбалер на Вардар. Асани, согласно договорот меѓу двата клуба не смее да игра на дуелите против „црвено-црните“… Но, во договорот стои дека не смее да игра против Вардар, а не и дека не смее да навива против Вардар… Па, Асани денеска диригираше со навивачката група „Шверцери“…

На небото во еден момент и дрон лета, иако сето тоа не беше ниту најмала пречка „вардарци“ комплетно да се фокусираат на играта на терен. Па, со нова победа, за нив и оваа пролет титула ќе цвета…

[new_royalslider id=”607″]

Се вчитува...