Вардарки одморени стартуваат во 2018

Ракометарките на Вардар стартуваа со подготовките за пролетниот дел од сезоната. По завршувањето на репрезентативните обврски и зимскиот одмор, европскиот вицешампион во комплетен состав од денеска почна со тренинзи во СЦ „Јане Сандански“ и мини подготовки за вториот дел од сезоната во која главна цел е пласман на Ф4 трунирот во Будимпешта и борба за титулата во Лигата на шампионите.

„ Во првиот дел од сезоната победивме на сите натпревари, но никако не можам да бидам задоволна од прикажаното, затоа што имавме некои грешки кои во следниов период мора да ги поправиме. Мислам дека можеме и подобро да играме. Младите ракометарки пак би сакала во идниот период да добијат поголеми шанси. Имаме многу тешка група во Лигата на шампионите и ќе видиме како ќе се одвиваат работите. Во екипата имаме искусни играчи и девојки на кои им е потребно повеќе да играат, а немаме доволно натпревари кои ќе бидат добри за нив. Сега следуваат натпреварите од регионалната лига каде очекувам тие повеќе да играат и потоа да помогнат и во натпреварите од главната фаза во Лигата на шампионите“ – вели тренерот Ирина Дибирова за официјалниот клупски сајт.

Вардарки до крајот на овој месец ќе одиграат три натпревари, два во регионалната ВРХЛ лига и еден од главната фаза во ЛШ. Првата проверка ќе  биде третиот турнир во региомналната лига што ќе се одигра од 19 до 21 јануари во СЦ „Јане Сандански“. Во првиот натпревар на 19 јануари Вардра ќе игра против Будуќност, а на 21 јануари е дуелот со Крим. Натпреврите од главната фаза во ЛШ стартуваат на 27 јанури со дуелот против Мец на домашен терен.

Се вчитува...