„Вардарки“ против холандски Јуро Унирек по осминфинале во ЕХФ купот

ЖРК Вардар денеска против Јуро Уринек ќе го одигра првиот натпревар од 1/16 финалето во ЕХФ купот. Атмосферата во таборот на „црвено-црните“ девојки е одлична и се надеваат на поволен резултат пред реваншот во Холандија.

Крилото на „вардарки“ Сара Миновска вели дека ќе се борат за крај за секоја топка и дека се надеваат на поволен резултат.

„Работевме многу за да стигнеме до ЕХФ купот, а веќе сме и до третото коло. Единствено ние останавме од екипите во Македонија. Јуро Унирек се прилично добра екипа и се многу поквалитетни од нашиот претходен противник. Позитивна атмосфера владее кај секоја девојка во тимот и морам да кажам во името на сите дека ќе се бориме до крај за секоја топка. Сакаме да го прикажеме нашето најдобро светло, а верувам дека тоа ќе резултира со добар резултат“, изјави Миновска. 

Натпреварот меѓу ЖРК Вардар и Јуро Уринек ќе се игра во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје со почеток во 17 часот.

Се вчитува...