Вардарки против Турнингер за перфектни шест од шест

Ракометарките на Вардар вечерва 919 ч.) во СЦ „Јане Сандански“ го пречекуваат Турингер, во последниот натпревар од групната фаза во Лигата на шампионите. Вардарки во досегашните пет натпревари имаат пет победи и вечерва ќе играат за максимално остварување и поволна стартна позиција во следната фаза од ЛШ по зимската пауза.

Вардарки и според резултатите и според квалитетот, ја имаат улогата на фаворит против германскиот тим. Тоа го потврдија и на првиот натпревар во Германија на кој Вардар победи со 21-29, а таков исход се очекува и од вечерашната пресметка на домашен терен во Скопје.

„Ова е последен меч во групната фаза и е особено важен за нас. Потребни ни е победа за да можеме да пренесеме повеќе бодови во следната фаза. Турингер има добра екипа, иако ги победивме со осум гола разлика. Тоа сега нема ништо да значи. И тие ќе се броат за бодовите бидејќи и нив им е важен овој натпревар. Ќе се бориме во сите 60 минути и верувам ќе ги израдуваме навивачите“ – изјави тренерот на Вардар, Ирина Дибирова.

И на овој натпревар поради повреди, во составот на Вардар ќе ги нема Андреа Лекиќ и Мирјета Бајрамовска.

И во таборот на Турнигер ја потенцираат фаворитската улога на Вардар, без разлика што домаќинот ќе игра без Андреа Лекиќ. За тренерот на Турнигер, Херберт Милер, најважно ќе биде да одиграат сигурно во одбраната, да ја сопрат драган Цвијиќ и бараат шанса со брза игра.

„Вардар, се разбира, е топ-фаворит, мора да одиграме максимално фокусирано за да имаме шанса таму. Мора да обрнеме посебно внимание на оската Пенезиќ  – Лакрабер – Цвијиќ, од таму доаѓа најголемата опасност во нападот на Вардар, а Цвијиќ во моментов е можеби најдобриот тркач. Андреа Лекиќ е повредена, но, составот на македонскиот шампион е толку широк што може да се најде добра замена. Мораме да одиграме силно во одбраната и да бидеме ефикасни во брза игра за да постигнеме лесни голови“ – најави тренерот на Турингер, Херберт Милер.

Се вчитува...