Вардарки се голем тим, победуваат и кога не се на 100% (фотогалерија)

Вардар по четири кола забележа исто толку победи во Лигата на шампионите, рутински обезбедувајќи си го пласманот во главната фаза од елитното европско натпреварување. Денешниот дуел со Ларвик беше доказ за уште еден квалитет на „црвено-црните“, да ги добиваат натпреварите во кои нема да одиграат стопроцентно.

Убедливата победа во Норвешка беше причина „вардарки“ уште пред почетокот во мислите да си ги прокнижат бодовите, заборавајќи дека разликата во квалитет мора да биде докажана и на терен. Сепак, будењето беше во вистински момент, а второто полувреме одиграно рутински, за доказ на класата на „црвено-црните“, кои со право повторно се вбројуваат меѓу главните конкуренти за европската круна.

[new_royalslider id=”831″]

Се вчитува...