Вардарки во Љубљана ќе настапат без Цвијиќ

Ракометарките на Вардар во наредните два дена во Љубљана ќе настапат на вториот турнир од Регионалната ВРХЛ лига, против екипите на Крим и на Будуќност. Овие два натпревари кои за македонскиот шампион ќе бидат проверка пред продолжувањето на настапите во групната фаза од Лигата на шампионите.

На турнирот во Љубљана, вардарки ќе настапат без пикерот Драгана Цвијиќ која поради болест остана во Скопје. Уште неколку ракометарки на Вардар се жалат на поситни повреди, но тие сепак ќе бидат во составот за претстојните натпревари.

Имаме неколку повредени играчи. Единствено Драгана Цвијиќ нема да патува поради болест, но сите други ќе патуваат и во зависност од тоа која колку ќе може да издржи, толку и ќе играат. Треба да ја направиме тактиката и да се обидеме да одиграме на највисоко ниво. Не ми се допаѓа што немаме стабилност и константност во играта. Затоа треба сите да бидат во форма, а не да чекаме само од оние што се во првиот состав. Треба сите да дадат свој придонес во играта. Имаме ракометарки кои добро играат, но на некои се уште им треба темпо и подигнување на формата“ – изјави тренерот на Вардар, Ирина Дибирова за официјалниот клупски сајт.

Во првиот натпревар, утре со почеток во 18.45 часот, Вардар ќе игра против Крим. Дуелот со Будуќност е в сабота во 16 часот.

Се вчитува...