Вардаровиот тренер Никола Илиевски е хоспитализиран поради компликации со коронавирус!

Поранешниот селектор на Македонија, а сегашен тренер на Вардар, Никола Илиевски – Џиџи, е пренес во болница и хоспитализиран поради компликации со коронавирус. Џиџи се наоѓа на чело на Вардар пред стартот на пролетниот дел од сезоната, тој го прифати овој предизвик со оглед на тоа што клубот се наоѓа во тешка состојба.

Илиевски поради позитивниот тест на коронавирус не го водеше тимот на Вардар на последниот меч со Шкендија. Вардаровите навивачи „Комити“ вечерва објавија дека Илиевски е во болница, откако една недела е позитивен на смртоносниот вирус, а заради своите години, Џиџи се наоѓа во ризичната категорија на граѓани.

„Во моментов поради компликации со корона вирусот, шефот на стручниот штаб на ФК Вардар е префрлен на клиника. Му посакуваме добро здравје и што поскоро да се врати покрај тимот, и на Вардар да му го пренесе својот борбен дух. Ќе ни треба во натамошната борба за опстанок. Издржи Џиџи!“, објавија Комити.

 

 

 

Се вчитува...