„Вардарци“ без пари и без тренинг…, ама со мотив и со инает (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Иако многумина очекуваа лесна победа за Пелистер против Вардар на стартот од пролетниот дел од сезоната во Првата македонска фудбалска лига, „зелените“ мораа да се спасуваат и од пораз во пресметката со црвено-црните во Скопје.

„Вардарци“ крпејќи финансии за да почнат подготовки, и со само седум одработени тренинзи пред денешниот дуел успеаја да покажат дека не може да бидат така лесно отпишани.

Затоа што имаат повеќе од доволно мотив и инает во себе, да се оддолжат на „Комитите“ и да обезбедат сезонава опстанок за Вардар во елитното друштво. Сето тоа како начин за купување доволно време за комплетно средување на состојбата во најтрофејниот македонски клуб.

 

Се вчитува...