„Вардарци“ го „здробија“ вториот тим на Е. Пелистер (ФОТО)

Без никакви проблеми, ракометарите на Вардар дојдоа и до втората победа на традиционалниот турнир „Струга 2020“ славејќи убедливо со 33-19 против вториот тим на Е. Пелистер.

Од самиот почеток „вардарци“ јасно ја потврдија фаворитската улога наметнувајќи ритам преку кој стигнаа до убедлива победа. Па на полувремето веќе беше осум гола предност за Вардар, 16-8.

Во второто полувреме, иако Стевче Алушовски ротираше максимално со составот, Вардар заокружи со триумф од 14 гола разлика. Димитриоски беше најефикасен во редовите на „вардарци“ со 10 постигнати гола.

Се вчитува...