Варди промаши и пенал, за неочекуван пораз на Лестер од Барнли

Фудбалерите на Лестер доживеаја неочекуван пораз од 2-1 на гостувањето против Барнли во 23. коло од Премиерлигата.

И покрај тоа што фаворитот имаше предност со голот на Барнс во 33. минута, сепак домашните успеаја да стигнат до пресврт и триумф од 2-1. Победата за Барнли ја донесоа Вуд со голот во 56. минута и Вестбуд со погодокот во 79. минута. Претходно Варди не реализираше пенал за Лестер во 68. минута.

Се вчитува...