Васе Беќаров назначен за нов тренер на Беласица

Македонскиот фудбалски второлигаш Беласица го назначи Васе Беќаров за нов шеф на стручниот штаб. Беќаров, кој ја поседува највисоката лиценца во светскиот фудбал според ФИФА/УЕФА стандарди ПРО лиценца, е тренер со долгогодишно искуство, а зад своето тренерско резиме може да се пофали со работа како селектор на У-17 репрезентацијата на Македонија, селектор на аматерската репрезентација на Македонија.

Во клупскиот фудбал шест години беше на чело на гевгелиски Кожуф.

„Чест, задоволство и голема обврска е да се биде шеф на стручниот штаб и да се води еден клуб со голема традиција и реноме како струмичка Беласица. Благодарност до управата за укажаната доверба и поддршка која ја добив. ФК Беласица заслужува прволигашски статус и ние заедно секојдневно ќе се бориме за тоа“, изјави Беќаров.

Се вчитува...