Вашингтон му ја загорчи историската вечер на Леброн

Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс загубија на гостувањето од Вашингтон со 127:119, и така му ја расипаа историската вечер на Леброн Џејмс, кој стана втор стрелец во историјата на НБА Лигата. Леброн до рекордот стигна постигнувајќи 38 поени, и го претекна Карл Мелоун на вечната листа на стрелци. Сега пред него остана само Карим Абдул Џабар со 38.387 поени. Леброн има 36.939 поени.

„Езерџиите“ продолжија со лошите партии, со оглед дека ова им беше 13 пораз на последните 17 натпревари.

Шарлот го совладаа тимот на Далас, и покрај одличната партија на Лука Дончиќ. Словенецот беше најефикасен и најдобар на паркетот, но тоа не беше доволно за победа. Дончиќ за неполни 30 минути постигна 37 поени, но на крајот неговиот тим загуби со 129-108.

РЕЗУЛТАТИ:

Шарлот – Далас 129:108
Кливленд – Детроит 113:109
Вашингтон – ЛА Лејкерс 127:119
Минесота – Милвоки 138:119

Се вчитува...