Васил Гогов со четврта најдобра одбрана на рундата во ЛШ (ВИДЕО)

Младиот голман на РК Вардар, Васил Гогов беше главниот виновник за тоа што со реми (31-31) на гостувањето кај Веспрем, „црвено-црните“ ја завршија годинашната авантура во ракометната Лига на шампиони.

Гогов доби шанса во финишот и со осум одбрани успеа да ги врати „вардарци“ од негатива од пет погодоци до реми против унгарскиот тим. Една од одбраните на Гогов се најде меѓу најдобрите на рундата и го освои четвртото место.

Најдобрите одбрани на рундата во Лигата на шампионите можете да ги погледнете на следниот линк. 

Се вчитува...