Васкез се сели во Арсенал?

Шпанскиот фудбалер Луказ Васкез кариерата би можел да ја продолжи во англискиот премиерлигаш Арсенал, пренесуваат медиумите на Пириниети. Клубовите веќе ги договориле условите за преминувањето, а се говори дека трансферот ќе вреди околу 35 милиони евра.

Васкез потекнува од младинската школа на Реал Мадрид. Кариерата ја почна во б тимот на „кралевите“ Кастилја, по што замина на позајмица во Еспањол, а од 2015 е стандарден член на тимот кој трипати по ред ја освојуваше Лигата на шампионите.

Васкез е „план Б“ за „топчиите“ кога станува збор за засилување на крилните позиции во тимот, откако претходно пропаднаа преговорите за ангажман на Заха од Кристал Палас.

Се вчитува...