Академија Пандев одигра без голови на гостувањето кај Шкупи во натпревар од 20. коло во Првата македонска фудбалска лига. Тренерот на „пандевци“, Александар Васоски вели дека бод против еден од најдобрите тимови во лигата треба да биде потстрек за неговиот млад тим во борбата за опстанок.
„Добар натпревар и задоволен сум од играта на моите момци кои дадоа максимум на овој меч. Шкупи е еден од најдобрите тимови во лигата и затоа овој меч треба да биде потстрек за моите млади играчи во борбата за опстанок. Искрено паузата малку влијаеше на нас, бидејќи паднавме во последните половина час од мечот. Сепак, се на се сум задоволен и одиме на поволен резултат и во следните натпревари“, изјави Васоски.
Академија Пандев во моментов се наоѓа на 11. позиција на првенствената табела со 18 освоени бода.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА