Васоски: Фудбалерите се најголемите „виновници“ за есенската титула…

Шефот на стручниот штаб на Вардар, Александар Васоски сосема очекувано е задоволен од освоената есенска круна на неговиот тим во сезоната која „црвено-црните“ ја стартуваа лошо со катастрофални прогнози околу пласманот поради постојаните финансиски проблеми во кои е западнат клубот.

Но, фудбалерите успеаја на терен да се изборат за сосема заслужено прво место на крајот од есента преку кое само најавуваат дека битката за шампионската титула е и тоа како повеќе од реална.

„Сакам од срце да ја честитам есенската титула на сите оние кои се дел од ФК Вардар…, но секако најголема честитка за играчите кои се најзаслужните за овој пласман, и за нашиот 12-ти играч – „Комитите“. Се радуваме во моментов, но не сме еуфорични затоа што во недела не чека последниот натпревар од есенскиот дел, и тоа против Шкендија, меч и тоа како важен за нас“ – истакна Васоски по вчерашната голема победа од 0-3 на гостувањето против Академија Пандев во Струмица.

Се вчитува...