Васоски: Квалитетот на Работнички и Академија Пандев е израмнет и покрај разликата на табелата

Работнички и Академија Пандев утре ќе го отворат третиот круг од натпреварите во Првата македонска фудбалска лига. Тренерот на струмичкиот тим, Александар Васоски вели дека и покрај местото на табелата смета дека квалитетот на двата тима е израмнет и дека очекува одличен натпревар во кој ќе решаваат нијанси.

„И покрај разликата на табелата сметам дека двата тима имаат израмнет квалитет. Работнички игра добро во овој дел од сезоната и очекувам тежок и квалитетен натпревар во кој на крајот ќе одлучуваат нијанси. Немам поголеми проблеми со повреди, освен Коста Манев кој ќе биде во ‘аут’, а под знак прашалник се Кире Марковски и Никола Шаркоски. Се на се очекувам добар меч и се надевам дека со поволен резултат ќе го почнеме последниот круг од шампионатот“, вели Васоски. 

Натпреварот на националната арена „Тодор Проески“ ќе се игра во сабота со почеток во 15 часот.

Се вчитува...