Васоски: Оваа екипа напролет ќе биде уште подобра…

Шефот на стручниот штаб на Вардар, Александар Васоски сосема очекувано е задоволен од изминатата полуетапа од новата сезона во најсилниот македонски шампионат. Вардар е на чело на табелата очекувајќи ја паузата со осум бода предност во однос на најголемиот конкурент за титулата, Шкендија. Сето тоа дава надеж за враќање на шампионската круна во Скопје.

„Може само да им честитам на фудбалерите за ова што го направија оваа есен. Сето ова е само нивна заслуга. Одигравме квалитетен натпревар и денеска, бевме блиску до победата и сугурно сакавме со три бода да ја заокружиме есента но секако останува задоволство што одиме на пауза со осум бода предност. Силно верувам во оваа екипа која мислам дека уште повеќе во иднина ќе созрева и во пролетниот дел од сезоната очекувам да биде и уште подобра“ – истакна Васоски по денешниот дерби дуел на „Тодор Проески“.

Се вчитува...