Александар Васоски веднаш по поразот од Работнички на домашен терен, поднесе оставка од функцијата шеф на стручниот штаб на Академија Пандев. Васоски откако не успеа да го издигне тимот од агонијата, се реши на ваков потег, а сега треба раководството на „Академците“ да му ја прифатат.
Васоски по вторпат ја презеде клупата на Академија Пандев. Во првиот „мандат“ успешно ја водеше екипата, но се реши да почне интернационална кариера, и на неговото место беше назначен Ѓорге Стојчев. Токму Васоски подоцна се врати на местото на Стојчев.
Академија Пандев во моментов е на претпоследното место на табелата со осум бодови, а е во серија од седум натпревари без победа, што беше знак дека нешто не е во ред.
„По последниот пораз и серијата на лоши резултати, ја преземам одговорноста и поднесувам оставка од клупата на Академија Пандев. На клубот му посакувам се најдобро во иднина“, стои во изјавата на Васоски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА