Васоски пред почеток на интернационална тренерска кариера!?

Тренерот на Академија Пандев, Александар Васоски не го криеше синоќа разочарувањето од пропуштената можност да дојде со „пандевци“ до трфејот во Купот на Македонија.

Поранешниот стратег на Вардар нагласи дека сепак против „пенал-лотаријата“ некогаш не се може. Сега остануваат финалните анализи за завршената сезона, иако Васоски ја најавува и можноста за разделба со Академија Пандев и почеток на своја интернационална тренерска кариера.

Според информациите на ЕКИПА, за Васоски има интерес од клубови од Кипар и Словенија каде би можел да ја продолжи тренерската кариера. Но,…

„Најпрво ќе следи одмор, па потоа ќе ги разгледаме сите опции. Да, има можност за продолжување на кариерата во странство. Доколку тоа не се реализира, ако останам во Македонија, тогаш сигурно би останал единствено во Академија Пандев“ – вели Васоски.

Се вчитува...