Васоски прозиваше, Академија Пандев ги почна подготовките за пролетната полусезона (ФОТО)

Академија Пандев, под водство на шефот на стручниот штаб Александар Васоски, денеска ги стартуваше подготовките за пролетниот дел од сезоната.

Според програмата за работа на стручниот штаб, тимот првата фаза од подготовките ќе ја реализира во Струмица, на СЦ „Пандев“, а потоа од 21. јануари централните подготовки ќе бидат во Анталија, Турција.

На првиот тренинг, Васоски ги имаше на располагање и четирите засилувања, голманот Бурхан Мустафа, десниот бек Георге Јанкулов, дефанзивецот Агрон Руфати и играчот за врска Марио Врдољак.

Веќе се договорени и повеќе пријателски натпревари, а првиот ќе биде со штипска Брегалница на 19. јануари во Струмица.

ФОТО: дрнка.мк

Се вчитува...