Васоски се враќа на клупата на Академија Пандев?

Денеска Академија Пандев остана без тренер, откако ја заврши соработката со Ѓорге Стојчев. Стојчев и струмичкиот тим се разделија после поразот на „Академците“ од Струга ТЛ, и слабиот старт на сезоната во ПМФЛ.

Голема е веројатноста во текот на следните денови Академија Пандев да го официјализира враќањето на Александар Васоски на клупата, дознава ЕКИПА. Васоски зимоска замина од Академија Пандев и го водеше Сараево, но неговата „авантура“ во овој клуб траеше сосема кратко, па така сега е слободен агент и во потрага на нов ангажман.

Васоски беше дел од „Пандевци“ од 2020 година, се до почетокот на оваа кога се реши да ја прифати понудата од БИХ. Сепак, по само неколку месеци, поточно на почетокот на мај, си поднесе оставка од функцијата. Беше поврзуван со неколку клубови, но на крајот остана без ангажман.

Во минатото Васоски го водеше и Вардар, со кого ја освои и шампионската титула во сезоната 2019/20. Претходно долги години беше во стручниот штаб на „црвено-црните“ како помошник тренер.

Се вчитува...