Ватфорд не може да почне, тројца членови позитивни на Ковид-19

Премиер-лигата соопшти дека, по комплетното тестирање на коронавирус за фудбалерите и членовите на стручниот штаб на сите 20 клуба, потврди се шест позитивни на Ковид-19.

Според информациите, заразените се од три клубо, еден е помошниот тренер на Барнли, Јан Воан, а тројца се членови на Ватфорд од кои еден фудбалер и двајца членови на стручниот штаб. Токму поради тоа останува неизвесноста дали Ватфорд ќе може да почне со тренинг активностите пред продолжението на сезоната.

Тестови направиле вкупно 748 фудбалери и членови на стручен штаб. Се очекуваат уште резултатите за Норвич.

Се вчитува...