ВБА го враќа Бане Ивановиќ во Премиер – лигата

Новиот англиски премиерлигаш Вест Бромвич Албион би можел да добие капитално засилување за одбраната во пресрет на стартот на новата сезона од елитното англиско фудбалско друштво. Српскиот интернационалец Бранислав Ивановиќ, кој во минатото го носеше дресот на Челси, е на добар пат да го засили тимот на Славен Билиќ.

Хрватскиот менаџер инсистира да го види Ивановиќ во тимот, а бара од раководството да го комплетира трансферот пред неделниот меч против Лестер на домашен терен. Билиќ е уверен дека искуството на Бранислав Ивановиќ би можело да биде клучно за подобрување на одбранбената линија во тимот на ВБА. Ивановиќ е слободен агент откако по завршувањето на сезоната се раздели со рускиот првак Зенит Санкт Петербург.

 

Се вчитува...