ВБА се „лизна“ кај Хадерсфилд – Алиоски и Лидс се во Премиер-лигата

Лидс Јунајтед и Езгјан Алиоски официјално обезбедија пласман во Премиер-лигата, откако Вест Бромвич Албион на гостувањето кај Хадерсфилд загуби со 2-1. Со овој кикс на големиот ривал Лидс сега има пет бода предност на првенствената табела, а избраниците на Славен Билиќ до крајот имаат да одиграат само еден натпревар.

Лидс Јунајтед во Премиер-лигата се враќа по пауза од 16 години, а последен пат дел од елитното англиско натпреварување беше во сезоната 2003/2004 кога заврши како претпоследен на табелата. Алиоски ќе биде петтиот Македонец кој што ќе настапува во најсилната европска лига. Претходно во тој клуб влегоа Ѓорѓи Христов со Барнсли, Артим Шаќири и Горан Попов со Вест Бромвич Албион и Гоце Седлоски со Шефилд Венздеј.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...