Вчера беше Јокиќ, а денеска НБА доби нов најплатен играч

Само еден ден откако Никола Јокиќ го потпиша најскапиот договор во историјата на кошарката и обезбеди 264 милиони за следните пет години, денеска падна уште еден рекорд во НБА лигата.

Демјан Лилард стана најплатен играч на НБА. Портланд за својот најдобар играч обезбеди 122 милиони долари за две години, или 61 милион за една сезона.

Лилард е дел од Портланд од 2012 година кога беше одбран од Блејзерси како шест пик на драфтот. Тој беше шест пати учесник на Ол-Старот, а еднаш беше дел од идеалната петорка на НБА. Во првата сезона во 2013 година беше прогласен за дебитант на годината.

Се вчитува...