Вчера наполни 18 години, денеска потпишува за Реал Мадрид

Бразилскиот тинејџер Реиние Хесус вчера наполни 18 години, а најубав подарок за полнотелството сигурно ќе му биде договорот со Реал Мадрид. Тој во текот на денешниот ден треба да потпише шестгодишен договор со „кралскиот клуб“. Фламенго ќе добие 30 милиони евра отштета, а тој треба да се пресели на „Сантијаго Бернабеу“.

Реиние Хесус во Бразил го носи прекарот „новиот Кака“ и Флорентино Перез не сакаше да ја пропушти можноста да го доведе во Мадрид. Тој најверојатно прво ќе биде дел од Реал Мадрид Кастилја иако постои можност да биде позајмен и во холандскиот клуб ПСВ Ајндховен.

За Реиние беа заинтересирани и ПСЖ, Барселона и Јувентус, но Реал Мадрид најбрзо реагираше и успеа да го договори трансферот на младиот Бразилец на „Сантијаго Бернабеу“.

Се вчитува...