Вечерва и никогаш повеќе: Ливерпул со „детска градинка“ ќе излезе на терен

Ливерпул се најде во невообичаена ситуација, во два дена да игра две средби на два различни континенти. Јирген Клоп и најголемите „ѕвезди“ на европскиот првак веќе се во Катар, каде утре ќе го играат полуфиналето од клупскиот Мундијал, но Ливерпул вечерва го очекува уште еден официјален меч, четвртфиналето од лига-купот против Астон Вила.

Одлуката беше донесена уште пред околу еден месец, „црвените“ ќе се појават на „Вила Парк“ со својот младински тим. Ливерпул ги одигра и досегашните средби од лига-купот со комбиниран состав, но вечерва во екипата ќе нема ниту еден од поискусните фудбалери. Згора на тоа, капитенот на младинскта екипа, Куртис Џонс, отпатува со првиот тим во Доха, исто како и младиот десен бек Неко Вилијамс. Покрај тоа, Јирген Клоп нема да го води тимот, улога што ќе му биде доделена на тренерот на младинската екипа.

За очекување е „црвените“ да настапат со следните единаесетмина: Келехер, Хувер, Бојс, Ван де Берг, Ларуки, Чривела, Кејн, Кристи-Дејвис, Елион, Лонгстаф и Стјуарт.

Дефинитивно, ова ќе биде прв и последен пат да го видиме Ливерпул во ваков состав.

Се вчитува...