„Вечниот“ Пандев: Среќен сум во Џенова, одиме заедно уште една година

Горан Пандев не го крие задоволството по остварената желба, да го обезбеди прволигашкиот статус на Џенова за да одигра уште една сезона за овој клуб пред и официјално да ја заврши кариерата. Македонецот кој неодамна наполни 37 години во италијанските медиуми го доби прекарот „Вечниот Пандев“, поради фактот дека и пред самиот крај на кариерата игра на највисоко ниво, со девет гола е најдобар стрелец на Џенова сезонава.

Пандев се јави со порака преку својот инстаграм-профил, најавувајќи дека е подготвен за да мине уште една сезона во дресот на Џенова.

„Ова беше долга, тешка сезона, во која фудбалот не беше во преден план. Делуваше дека ќе е чудо ако воопшто го завршиме првенството, но сега животот ќе почне одново и покрај многуте тешкотии. Обезбедивме опстанок. Среќен сум што играм за Џенова, среќен сум што опстанокот им донесе олеснување на сите црвено-сини срца. Мето срце исто така е црвено-сино веќе подолго време и чуда со надеж дека животот повторно ќе се врати во нормала. Одиме напред со самодоверба, оваа сезона заврши, следната е веќе пред нас. Би сакал повторно да ги доживеам прегратките со навивачите, навивањето на луѓето, атмосферата на „Мараси“. Се уште сме заедно“, порача Пандев.

Се вчитува...