Вечното дерби во Битола: Пелистер огромен фаворит, Вардар со желба за изненадување

Вардар и Пелистер во последната меѓусебна пресметка оваа сезона, овој пат во Битола, во битка исклучително важна за бодови и за двете екипи во 25. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Пелистер, со оглед на ситуацијата во Вардар, апсолутно ја носи фаворитската улога. Но, тренерот Димитар Капинковски вели дека не смее да има опуштање во неговиот тим за што поука и првиот меѓусебен дуел оваа пролет во Скопје кој заврши без победник, 2-2.

„Вечното македонско дерби секогаш е интересно, без изразити фаворити без разлика на состојба во клубовите, без разлика на табела. Видовме и на првиот пролетен натпревар во Скопје дека ништо однапред не може да се тврди. Ние како Пелистер секако, како и на секој друг натпревар, одиме на победа затоа што бодовите ни се многу важни. На дуелот со Вардар, кој има многу промени во екипата, секако многу работи ќе зависат само од нас самите. Мора да одиграме најдобро што знаеме и да дојдеме до бодовите“ – вели стратегот на Пелистер, Димитар Капинковски.

Вардарци, пак, повторно нема да бидат предводен од шефот на стручниот штаб Никола Илиевски – Џиџи, кој сега е на домашно опоравување од коронавирусот. Црвено-црните од клупата ќе ги предводат асистентите Златко Таневски, Бобан Грнчаров и Никола Глигоров.

ПРВА ЛИГА – 25. КОЛО (денеска, 15 ч.)

Скопје: РАБОТНИЧКИ – БОРЕЦ

Битола: ПЕЛИСТЕР – ВАРДАР

Тетово: ШКЕНДИЈА – СИЛЕКС

Скопје: ШКУПИ – РЕНОВА

Струга: СТРУГА ТЛ – БЕЛАСИЦА

ВЧЕРА

Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – АК. ПАНДЕВ 1-2

Се вчитува...