„Вечното дерби“ во знакот на јубулејот „30 години Комити“!

Погледите на денешната пресметка меѓу Вардар и Пелистер во рамките на 16. коло од Првата македонска фудбалска лига без сомнение ќе бидат насочени главно кон Западната трибина… „Вечното дерби“ овој пат ќе биде во знакот на одбележувањето на јубилејот на најверната вардарова навивачка група „Комитите“ кои слават 30 години од своето формирање.

„Комитите“ најавуваат вистински спектакл кој најпрво ќе започне низ улиците на главниот град од 15 часот, а потоа префрлен и на нашиот најголем стадион.

Како што информираат од Вардар, за денешниот дуел во продажба ќе биде пуштена само Јужната трибина, а Западната секако ќе биде резервирана за „Комитите“. На дуелот се очекуваат и околу 100 навивачи на Пелистер.

Што се однесува до самиот натпревар, секако Вардар е огромен фаворит против „зелените“ кои оваа сезона се далеку од минатогодишниот изглед. На „вардарци“ им се повеќе од неопходни бодовите во трката за шампионската титула со Шкендија.

ДВОЈКИ – 16. КОЛО (13 ч.)

Прилеп: ПОБЕДА – СИЛЕКС

Скопје: ШКУПИ – РЕНОВА

Тетово: ШКЕНДИЈА – СКОПЈЕ

Струмица: АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – РАБОТНИЧКИ

Скопје: ВАРДАР – ПЕЛИСТЕР (18 ч.)

Се вчитува...