Вејд си го брани синот што стана жена: Па и јас самиот носев штикли

НБА легендата Двејн Вејд дојде во центарот на вниманието на светските медиуми откако во 2020 година соопшти дека неговиот син Зајон одлучи во иднина да живее како жена и името да го промени во Заја.

Вејд и сопругата Габриеле Унион го прифатија тоа и Заја веќе две години живее како жена. Две години подоцна кошаркарот повторно ја шокираше јавноста признавајќи дека и тој како дете носел штикли и фустани.

„Кога беше Зајон мал се прашувавме со жена ми што ќе биде ако еден ден ни дојде и ни каже дека е геј. Што ќе направиме? Причината поради која тоа си го поставувавме беше таа  дека и јас како дете знаев да носам штикли и фустани. Прво нешто што помислив беше па добро Зајон го прави истото што сум го правел јас како дете. Како поминуваше времето сопругата и јас се повеќе си го поставувавме тоа прашање“, изјави Вејд. 

Се вчитува...