Вејн Руни со Дерби подготви шпалир за Алиоски и шампионите од Лидс (ВИДЕО)

Лидс Јунајтед е шампион на Чемпионшип – дивизијата, Езгјан Алиоски и соиграчите на две кола пред крајот ја обезбедија титулата, а фудбалерите на Дерби ги пречекаа со шпалир во пресрет на стартот на денешниот меч на „Прајд парк“. Една од најголемите англиски фудбалски ѕвезди, Вејн Руни, кој е член на Дерби, со аплауз го пречека Езгјан Алиоски и неговите соиграчи од Лидс Јунајтед кои го обезбедија првото место на табелата и по 16 години ќе се вратат во Премиер – лигата.

Алиоски е стартер во тимот на Лидс Јунајтед, а по првиот дел нема голови на овој дуел.

Се вчитува...