Вејн Руни во следните две и пол години тренер на Дерби Каунти

Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни доби целосна доверба од раководството на Дерби Каунти. Откако прво беше назначен за в.д тренер на тимот тој денеска доби договор во важност од 2 и пол години, со што и официјално ќе ја почне тренерската кариера по завршувањето со активното играње.

Руни за задача ќе има прво сезонава да обезбеди опстанок во Чемпионшип бидејќи тимот во моментов се наоѓа на 22. позиција на првенствената табела, а потоа до крајот на неговиот мандат тимот да се врати во елитата.

 

Се вчитува...